Манекенката ја поврзуваа со 47-годишната Кејтлин Џенер, а таа реши да објасни што навистина се случува

15 мај, 2020
sofia

Софија Хачинс, американска манекенка, зборуваше за нејзината врска со Кејтлин Џенер (70). Одамна се шпекулира дека се во врска, но тие никогаш не ја потврдија. Софија, која е дури 47 години помлада од Кејтлин, реши конечно да ја открие вистината.

„Никогаш не стануваше збор за романтична или сексуална врска. Бевме пријателки“, рече таа.

View this post on Instagram

Link to story in bio

A post shared by Caitlyn Jenner (@caitlynjenner) on

Таа додаде дека видела таткова фигура во Кејтлин, која пред трансформацијата беше позната како Брус Џенер и се пошегува дека не смеела да излегува на состаноци без нејзина дозвола.

„Таа е многу заштитнички поставена, но нашите односи понекогаш се строго деловни“, рече таа.

Таа објасни дека ја запознала Кејтлин во фризерски салон, каде започнало нивното пријателство.

Тие моментално живеат заедно во куќа во Малибу, но Софија призна дека размислува да се пресели.

„Не сакам да ја напуштам, но колку сум постара, толку повеќе сфаќам дека сакам да започнам самостоен живот“, заклучи таа.