Марк Ентони изјави интересен детал за Џеј Ло:„Таа обожуваше да се прикраде и да прислушкува“.

22 септември, 2020
џдј ло

Латино-sвездата, според нејзиниот поранешен сопруг, многу се забавувала додека прислушкувала

Марк Енотни, поранешниот сопруг на пејачката и актерката, Џенифер Лопез, тврди дека неговата поранешна сопруга обожувала да ја прислушува послугата.

Имено, овој бизарен детал од нивните десет години заеднички живот, изјави Ентони за американските медиуми. Тој раскажа како латино-sвездата ги прислушкува своите слугинки и навистина ужива во тоа.

– Тоа е многу забавно за неа. Имавме надзорни камери во куќата, а таа понекогаш седеше пред екранот и слушаше за што зборуваат слугинките додека беа во кујната – рече Марк и додаде:

– Порано сакаше да искористи прилика, па ги слушаше зад ѕидот. Не знам зошто толку многу ја забавуваше, но мислам дека тоа го прави и денес.

Инаку, Џеј Ло и Марк Ентони беа во брак од 2004 до 2014 година и, иако се поранешни сопружници, тие останаа во одлична врска, за која често и двајцата зборуваат.

– Искрено, ќе бидеме пријатели засекогаш. Јас секогаш ќе бидам тука за него, тој секогаш ќе биде тука за мене. Ние споделуваме нешто посебно, а тоа се нашите деца, и двајцата сме свесни за тоа. Ние сме тука за нив и тоа е најважно – изјави Џенифер во 2017 година.

escort - Korsan taksi