Меган Фокс го остави сопругот заради овој дечко?

20 мај, 2020
megan

Откако е потврдено дека актерската двојка Брајан Остин Грин и Меган Фокс се разведуваат по 10 години брак, американските медиуми пишуваат дека причина за разводот е трето лице.

Меган Фокс е со раперот Машин Ган Кели, пренесуваат локалните медиуми.

Актерката, наводно, се опоравила брзо од распадот на нејзиниот брак и веќе е во врска со славниот рапер. Грин негираше дека неговата наскоро поранешна сопруга се гледа Кели, но потврди дека се пријатели.

“Тие почнаа да се дружат се повеќе и повеќе поради нивните распореди и заедничкото снимање. Прво беа пријатели, а потоа нивната врска се разви во љубов. Меган смета дека Кели е одличен човек и меѓу нив се разви романтичен однос”, изјавил извор за US Weekly.