Меган Фокс мораше да го направи ОВА само за да го задоволи ФЕТИШОТ на нејзиното момче!

20 јули, 2020
megan fox

Американскиот рапер Машин Ган Кели (30) го коментираше новиот музички спот за песната „Bloody Valentine“ во која главната улога ја имаше неговата нова девојка Меган Фокс (34), а во таа прилика откри дека и обожава нозете.

Имено, музичарот откри дека има фетиш за стапала и кажа дека неговата нова љубов Меган ги има „најубавите стапала“ што досега ги видел, а сето тоа се случи откако Меган го газеше лицето на Кели во видеото кое неодамна беше објавено.

Во видео интервју за „Teen Vogue“, 30-годишниот рапер се потсети на неколку моменти што се случија зад камерата при снимањето на видеото и рече:

– “Не е тајна. Сакам нозе. И мислам дека Меган ги има најубавите нозе на светот. “- изјави раперот во понеделникот и додаде: – И реков „Меган, ти веќе знаеш што сакам да направиш. И таа одговори:„ Да, буквално направив педикир само затоа што знаев дека ќе ме прашаш за тоа. “, раскажуваше Машин.

Во еден момент од видеото, Меган го гази Кели по лицето додека тој лежи на подот, и можат да се видат нејзините нокти кои совршено се налакирани со црвена боја и добро негуваните стапала, што ја обожава нејзиното ново момче.

За потсетување, Меган неодамна се разведе по 10 години брак од нејзиниот долгогодишен сопруг Брајан Остин Грин (46) со кого има три деца.