Меган Фокс позираше во прегратки на раперот поради кој наводно го оставила сопругот

21 јули, 2020
хјхј

Се чини дека актерката Меган Фокс и раперот Машин Ган Кели повеќе не ја кријат својата романса, што наводно предизвикало актерката да се разведе од сопругот Брајан Остин Грин, со која била во брак 10 години. На групната фотографија споделена од филмскиот продуцент Рандал Емет, Меган позира во рацете на раперот.

https://www.instagram.com/p/CCxI64DHqSW/?utm_source=ig_embed

„После четири месеци одвоеност! Благодарен сум што се вративме во Порто Рико за да снимаме филм со оваа неверојатна актерска екипа! Адаптирање во нов свет! Сите заедно сме карантинирани“, напиша продуцентот под фотографијата и најави продолжување на Полноќ во Switchgrass.