Меган откри зошто ги исклучила своите лични профили на социјалните мрежи!

21 октомври, 2020
меган

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган, во вторникот зборуваа за нивната кампања против негативноста на социјалните мрежи, додека Хари предупреди на „глобална криза на омраза“ што влијае на менталното здравје на луѓето.


Двојката, официјално позната како војводата и војвотката од Сасекс, учествуваше во двочасовна дискусија преку Интернет, организирана од Time100 Talks, со неколку експерти со кои се состанаа оваа година за да промовираат поголема симпатија на форумите на Интернет.

“Ова е глобална криза. Глобална криза на омраза, глобална криза со дезинформации и глобална здравствена криза”, рече Хари во воведниот коментар на дебатата “Создавање на подобар свет”.

Хари и Меган се преселија во Јужна Калифорнија оваа година, откако се повлекоа од своите кралски должности да водат посамостоен живот и побегнаа од агресивните британски медиуми.

Меган рече дека е императив интеракциите преку Интернет да бидат поздрави за секого.

“Ова не е само проблем на менталното здравје или емоционална благосостојба. Ова е човечки проблем. И она што им се случува на сите нас преку Интернет и длабоко влијае на нас”.

Меган минатата недела рече дека ги затворила сите лични профили на социјалните мрежи пред неколку години и дека не сака да чита што пишуваат луѓето за неа на Интернет „за да се заштити себеси“.

Во интервју за подкаст со тинејџери минатата недела по повод Светскиот ден на менталното здравје, Меган рече дека „во 2019 година, таа беше најтролавата личност преку Интернет во светот – и кај мажите и кај жените“.

escort - Korsan taksi