Мет Дејмон: Нашата 21-годишна ќерка има корона вирус, ние сме во изолација

13 мај, 20200
met dejmon

Популарниот актер Мет Дејмон за време на гостувањето во радиото „Spin“ откри дека неговата 21-годишна ќерка Алесија е заразена со коронавирусот.

Тој во моментов е во изолација во Ирска, каде што требаше да снима филм, но пандемијата ги одложи сите негови деловни обврски сè до понатамошно известување.

„Нашата најстара ќерка оди на колеџ, кој е затворена поради вирусот. Сепак, таа неодамна беше во Њујорк и таа и нејзините цимерки се заразија таму“, рече тој.

Алексија е најстарата ќерка што Дејмон ја смета за своја и покрај тоа што не е нејзин биолошки татко. Дејмон со сопругата и мајката на Алексија, Лусијана Баросо имаат три биолошки ќерки, кои се во карантин со нив.

Инфицираната ќерка не е со нив, но истакна дека сите ќе се сретнат подоцна овој месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi