МИНИ ЦРВЕН ФУСТАН! Приказните за бременоста на Ирина Шајк кружат, а нејзиниот одговор е – Ултра сексапилниот стајлинг, по кој мажите не останаа на нозе!

29 мај, 2020
293239_profimedia0523035299_ff

И странските и домашните медиуми пишуваат за можноста Ирина Шајк да е бремена! Убавата Русинка со денови носи поширока гардероба, а на фотографиите често го покрива стомакот со рацете. Случајност или не?

Шпекулациите растеа, а се чини дека убавата манекенка реши да им стави крај на нив! Ирина се појави во многу краток, тесен црвен фустан, што ја истакнува нејзината совршена фигура.

Иако на повеќето фотографии таа навистина го држи стомакот, не би се рекло дека е бремена, но – времето ќе каже!