Младиот актер обвинет за силување од страна на 17 годишна девојка

21 јуни, 20200
ansel

Младиот 26-годишен актер Ансел Елгорт во моментов е во непријатна ситуација. Девојка, која се претстави само како Габи, го обвинила преку својот профил на Твитер дека ја силувал во 2014 година, кога имала 17 години, пренесува Mirror. Таа тврди дека се запознала со Елгорт, откако му испратила порака преку социјалните медиуми, во која напишала дека би сакала да го запознае за роденденот. Тој и одговорил, и испратил линк на неговиот приватен Snapchat и тие договориле средба, а девојката тврди дека многу добро знаел колку години има.

  • Имав само 17 години. Тој беше во своите 20-ти години. Тој знаеше што прави. Не го правам ова за да го уништам, не ми е гајле повеќе за тоа. Јас го пишувам ова за конечно да залечам и затоа што знам дека не сум единствената, тој го сторил ова и на други. Ансел Елгорт сексуално ме нападна кога имав 17 години “, напиша таа, додавајќи дека тој е нејзино прво сексуално искуство.
  • Јас бев дете, го обожавав. Кога се случи ова, наместо да ме праша дали ќе застанеме затоа што ми беше прв пат, викав од болка и не сакав да продолжам, единствените зборови што излегоа од неговата уста беа: „Ќе мораме да те разбиеме“. Јас не бев ментално таму, во тоа време. Се одвоив, умот ми скиташе, бев во шок. Не можев да заминам, имав само 157 сантиметри и тежев 44 килограми “, напиша таа.
https://www.instagram.com/p/CBqK-Sdn0dQ/?utm_source=ig_web_copy_link

Таа го обвинила дека и барал голи фотографии и предлагал тројка секс со нејзините пријатели од танчерската група, кои исто така биле малолетни. Тој ѝ рекол да не зборува со никого што се случило затоа што може да му ја уништи кариерата.

‘Со месеци се прашував каде погрешив, зошто се чувствував искористено. Години подоцна имам ПТСД и напади на паника и одам на терапија. Конечно сум подготвена да зборувам за тоа и да ми е подобро. Само сакам раните да заздрават и на другите девојки на кои им се случило истото и да знаат дека не се сами. Тешко ми е да истапам и да ја раскажам мојата приказна, но знам дека треба. Има уште многу, но не сакам да објавувам сè “, напиша таа.

Таа објавила и фотографија на која младиот човек личи на Елгорт, додека девојката на неа, наводно Габи, го покрила лицето со рацете. Актерот и неговиот портпарол сè уште не се изјаснија за наводите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *