Мораше да ја откаже свадбата, а сега ќе оди и на суд!

22 април, 20200
j lo

Латино дивата Џенифер Лопез поради корона вирусот мораше да ја откаже свадбата со нејзиниот вереник Алекс Родригез, а сега е во уште една неволја. Пејачката наскоро би можела да заврши на суд поради фотографија на Инстаграм.

Според судските документи што ги објави порталот Enews, фотографот во Њујорк, Стив Санд ги тужи пејачката и нејзината компанија за кршење на авторските права. Санд бара отштета од 150.000 американски долари.

Санд наведе дека пејачката ги користела неговите фотографии за да се промовира себеси и нејзиниот бренд на Инстаграм, на кој ја следат 119 милиони луѓе, и дека, како што истакна, таа не побарала негова дозвола да го стори тоа, ниту пак добил компензација.

Фотографијата пејачката ја објавила на 22 јуни 2017та година. Ова не е прв пат некој да ја тужи пејачка за ова. Истата работа се случи и минатата година кога на Инстаграм објави фотографија на која се држи за рака со свршеникот Алекс Родригез. Фотографијата е во сопственост на Агенцијата Сплаш, а направена е во Њу Џерси кога фотографи ги сликале како напуштаат еден клуб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi