На Инстаграм тие блескаат, но видете како изгледаат славните дами БЕЗ ГРАМ шминка!

9 ноември, 2020
ббб

Џенифер Лопез не ја крие својата природна убавина, исто како и Сандра Булок, но кај сестрите Кардашиан-Џенер, приказната е поинаква.

Еве како изгледаат славните ѕвезди без шминка.
Холивудските убавици тешко можат да бидат видени без шминка, а на црвениот тепих и на социјалните мрежи многу внимаваат на тоа како изгледаат. Некои од нив се беспрекорни и без грам шминка, но некои тешко се препознаваат.

Џенифер Лопез е позната како една од најубавите жени во светот, која е секогаш средена од глава до пети. 51-годишната убавица не се срами да го покаже своето природно лице. Во неколку наврати на Инстаграм таа покажа како изгледа наутро кога ќе се разбуди од спиење, а обожавателите секогаш ја опсипуваа со комплименти за изгледот. Не се срами кога фотографите ја фаќаат без шминка, но истото не може да се каже за младата милијардерка Кајли Џенер.

Познато е дека Кајли потроши стотици илјади долари на пластични операции, а нејзиниот изглед без шминка е далеку од она што го гледаме на нејзините слики на Инстаграм, каде што често додава специјални ефекти и фотошоп. Нејзината сестра Ким Кардашијан исто така не сака кога на Интернет се појавуваат фотографии на кои таа не е средена и многупати е фатена како се крие од фотографите. Сите сестри од кланот Кардашиан-Џенер неколку пати потенцираа дека нивниот изглед мора да биде уникатен и поради нивната репутација мора да се погрижат да бидат секогаш беспрекорни во јавноста. Иако негираат дека имале пластични операции, разликата помеѓу фотографиите пред неколку години и денес е очевидна за сите.

Актерката Сандра Булок најмалку се оптеретува со шминкање, таа освен за гламурозните настани не се претрупува со шминка и секогаш можеме да ја видиме во опуштени изданија. Таа е препознатлива по црната коса, која не ја менува со години и исто така по нејзината елеганција со која што плени.

Кети Холмс исто така ја предпочита природната убавина, како и Маргот Роби. Таа се средува само за специјални настани, а додека ги извршува секојдневните обврски не се оптеретува со тоа.
Манекенката Ирска Болдвин е честа мета на папараците, а оваа млада убавица и ќерка на холивудските актери Ким Бејсингер и Алек Болдвин, поретко се појавува со шминка во јавноста. Сите се согласуваат дека манекенката изгледа беспрекорно како и да се појави.

Фановите често се восхитуваат на изгледот на Мелани Гриффит, која во последните неколку години претера со пластичните операции. Порано беше позната како една од најубавите жени во светот, но откако почна со пластичните операции, нејзиниот изглед драстично се смени. Иако таа изгледа бомбастично на свои 62 години, многумина коментираа дека не и требаат корекции на лицето бидејќи е природна убавица.