Највисоко платена славна личност во 2020 година: Заработи повеќе од Роналдо, Федерер и Меси заедно

6 јуни, 20200
pari 2

Највисоко платена славна личност 2020 година: Заработила повеќе од Роналдо, Федерер и Меси заедно

Форбс магазинот неодамна и ја одзеде титулата на Кајли Џенер за најмлад милијардер во светот и го обвини нејзиното семејство дека вештачки ја зголемува вредноста на нејзиниот бренд за козметика, но таа се најде повторно на врвот на нивната листа.

Овој пат станува збор за нивната листа на 100 најплатени славни личности што ги објавуваат секоја година. Со заработка од 590 милиони американски долари, Кајли го зазеде првото место, скоро три пати пред нејзиниот зет Канје Вест, кој е на второто место со заработка од 170 милиони долари.

View this post on Instagram

i’m pretty good at this makeup thing

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

На третото место се најде Роџер Федерер со 106,3 милиони, а потоа следат Роналдо (105 милиони) и Меси (104 милиони). На шестото место е актерот Тајлер Пери (97 милиони), по што следат Нејмар (95,5), Хауард Стерн (90), Леброн Џејмс (88,2) и Двејн Рок Џонсон (87,5).

Кајли заработила повеќе од Кање, Федерер и Роналдо, затоа што 51% од акциите на козметичката компанија ги продаде на Коти  за 600 милиони долари. Во моментов, вредноста на нејзините средства, според „Форбс“, се проценува на 900 милиони долари.

Патем, 100 најплатени славни личности во светот заработиле вкупно 6,1 милијарди американски долари (пред даноци), што е за 200 милиони помалку од лани. Форбс пишува дека на ова влијаеле глобалната пандемија на коронавирус, поради што биле откажани многу спортски и културни настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi