Наместо од МАРАДОНА, скоро сите се опростија од пејачката Мадона! Дојде до неверојатна забуна на социјалните мрежи!
25 ноември, 2020
Фудбалерот Диего Армандо Марадона почина денес на 60-годишна возраст, a на социјалната мрежа Твитер се случи голема забуна бидејќи корисниците сфатија дека починала пејачката Мадона.
На социјалната мрежа Твитер, во тренд влезе и збогувањето од светски познатата пејачка Мадона.
Имено, голем број луѓе разбраа дека станува збор за смртта на пејачката Мадона, наместо на фудбалерот Марадона.