Наоми Кембел, Џаред Лето и другите големи sвезди кои позираат голи, имаат една цел!

22 октомври, 2020
naomi

АКТЕРОТ Џерад Лето е еден од последните во низата познати личности кои позираат целосно голи или во долна облека за да ги охрабрат обожавателите да одат на гласање.

„Не заборавајте да гласате“, напиша Лето под фотографијата.

View this post on Instagram

Happy hump day P.S. Don’t forget to vote 🗳

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

48-годишниот актер им се придружи на голем број sвезди, меѓу кои Марк Руфало, Сара Силверман, Џена Деван и Наоми Кембел, кои на овој начин сакаат да ги охрабрат Американците да излезат на гласање во што поголем број.

“Еј, гола сум. Одлично, сега кога го имам твоето внимание: Гласај! И ако гласаш во отсуство, провери дали ги следиш СИТЕ упатства на твоето гласачко ливче. Не прифаќај го мојот збор, слушај ги сите мои голи пријатели”, напиша Наоми под видеото што го сподели на својот профил на Инстаграм.