Наследничка на славната Кејт: Лила Мос ги следи стапките на нејзината мајка

6 мај, 20200
moss

Лила Мос има 17 години и ги следи стапките на нејзината мајка Кејт Мос, која уште во 90-тите години го промени светот на моделите и ги смени идеалите за убавина. Очигледна е сличноста со нејзината мајка, за која модниот свет ја смета за една од највлијателните модели од крајот на минатиот век, која има кариера се до денес.

Лицето на новото списание V е ќерката на 46-годишната Кејт, но ова не е нејзин прв моден ангажман, бидејќи Лила веќе има направено неколку кампањи за линијата за убавина на американскиот дизајнер Мarc Јacobs и семејните пријатели. Таа се појави и во кампањата за брендот Miu Miu.

„Јас за прв пат се запознав со Лила кога имаше само 6 години, но и тогаш имаше силен карактер и чиста убавина“, коментира Jacobs, пренесува „Daily Mail“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *