Меган Маркл (38) на видео повик имаше разговор со една млада девојка која се подготвуваше за интервју за стажирање. Таа зборуваше со неа од нејзиниот дом во Лос Анџелес, а нивниот разговор го објави организацијата за социјално вмрежување „Паметни работи“, која им помага на невработените жени да се подготват за интервјуа за работа.
Меган, за време на видео разговорот беше обично облечена- таа имаше неутрална шминка како и обично, и носеше обична бордо маица.
Во описот на видеото каде Меган ја охрабрува девојката, која неодамна дипломирала на психологија, се наоѓа пораката што Меган ја упати до организацијата.
– Голема чест беше да се сретнам и да учам од толку многу талентирани жени од мрежата „Паметни работи“, а од неодамна да се види неверојатната работа што ја прават за да ги прилагоди своите програми на оваа пандемија. Нивната способност да продолжат да ги зајакнуваат жените и да им помогнат да ја зајакнат самодовербата која им е потребна за успех во ова време е инспиративна “, рече Меган.