Не и верувале дека му е девојка на кошаркарскиот шампион, а неговите родители не присуствувале ниту на венчавката

28 мај, 20200
vanesa

Ванеса и Коби Брајант се запознале во 1999та годна, а две години подоцна се венчале. Неговиот татко не ја поддржувал нивната врска, што допринело до заладување на односите помеѓу нив.

Сопругата, на сега веќе починатиот Коби Брајант, Ванеса, го прослави својот 38ми роденден, за прв пат, без својот сопруг. Кошаркарската легенда и неговата ќерка Џиџи загинаа во хелихоптерска несреќа на 26ти Јануари оваа година, а од тогаш навака Ванеса често споделува фамилијарни спомени од семејството на нејзиниот Инстаграм профил.

Ванеса и Коби се запознале во 1999та година, кога таа гостувала во спотот на една музичка група, чиј член бил и Snoop Dogg. Брајант во тоа време се обидувал да оствари и музичка кариера, паралелно со кошаркарската, но не му одело баш најдобро. Сепак, токму во тие кругови, ја запознал својата идна сопруга. Ванеса тогаш имала 17, а тој 20 години.

  • Често на училиште ни носеше фотографии од Коби, сите бевме љубоморни на тоа. – изјавила соученичката на Ванеса во едно интервју во 2005та година. 

Откако наполнила 18 години, Ванеса и Коби се вериле, а се венчале во Април, 2001ва година. Неговите родители не присуствувале на венчавката, затоа тоа што биле против склучувањето на тој брак. Кошаркарот неколку години подоцна откри дека, неговиот татко се противел на таа врска од причина што Ванеса има латиноамериканско потекло, а не афроамериканско.

Само шест месеци откако Ванеса ја роди нивната ќерка Наталија, Коби беше обвинет за сексуално злоставување. Поточно, станува збор за 19годишна девојка, вработена во хотел во Колорадо. На конференција за медиумите, Коби истакна дека не се работи за никакво злоставување, туку дека девојката своеволно прифатила да се сретне со него. По оваа афера, Ванеса изјави дека е свесна за грешката на Коби и дека заедно се подготвени да работат на   подобрување на бракот.

Набрзо потоа, Ванеса доби 8 каратен прстен со виолетов дијамант во вредност од 4 милиони долари. Таа во тоа време имала и спонтан абортус, а во 2006та година ја добија втората ќерка, Џиана.

По десет години од бракот, Ванеса поднела документи за развод. Со оглед на тоа што немале потпишано предбрачен договор, сопругата на Коби имала право на половина од неговото богатство. Но, ги решија несогласувањата, па две години подоцна објавија дека сепак остануваат заедно.

Бјанка Брајант дојде на свет во 2016та година, а во 2019та, Ванеса ја роди и најмалата ќерка, Капри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi