Не можеме да го изнадгледаме новиот дом на славната двојка – толку е модерен и пријатен едноставно – ПРЕКРАСЕН!

21 април, 20200
kuka-na-poznatite

Џон Леџенд и Криси Тејген решија да додадат уште еден имот на нивниот имотен список. Тие одбрале преубава куќа лоцирана во Западен Холивуд. Куќата има четири соби и четири купатила, има многу светлина и дрво и преовладува белата боја.

Познатиот пејач Џон Леџенд и неговата сопруга, презентер и модел Криси Тејген на многумина од нас се еден од омилените славни парови заради, нивната спонтаност, случајност и хумор за кои можеме да бидеме сведоци на социјалните мрежи. Но, деновиве, најголемо внимание ни остави новата, пространа куќа што ја купи двојката во Западен Холивуд, а тие за неа платија повеќе од 5 милиони долари.

Куќата со модерен дизајн има четири спални соби и четири купатила. Иако го нема големиот двор на кој сме навикнати кога станува збор за домовите во Холивуд, оваа куќа има помал базен, тревник со лежалки и две тераси – едната со софа и другата со дрвена трпезариска маса.

На пространиот долен кат има голема дневна соба со бели и кафеави бои, како и дрвен мебел. Дневната соба се протега кон трпезаријата во која доминираат светло кафеава голема маса и десет столчиња, и темно кафеава вдлабната кујна со долг мермерен шанк и шест бар-столици.

Во приземјето има и канцеларија и голема сауна што ова семејство ќе може да ја користи за моменти на релаксација и уживање. Во канцеларијата, главната боја е белата и како и остатокот од куќата, таа е многу модерена.

Горе има спални соби, секоја има пристап до тераса. Едноставно се украсени, а централното место во секоја е зафатено од голем кревет што гледа на терасата.

Секоја соба има и приврзана бања со стаклен туш и големи огледала, како и големи мермерни плочи со мијалник.

Мора да признаеме дека ова е навистина едно од најубавите холивудски домови што сме ги виделе. Едноставно, без никаков кич, оваа куќа е вистинско освежување и, како што можевме да видиме од претходните семејни домови на ова познато семејство, е токму во нивниот стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *