НЕГОВОТО БОГАТСТВО СЕ ПРОЦЕНУВА НА 75 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Славниот Марадона ја отфрли својата ќерка и поранешната сопруга од тестаментот!

5 декември, 2020
153977_profimedia0306745072_ff


Според некои извори, славниот фудбалер ја донел оваа одлука додека бил во Дубаи.
По смртта на Диего Марадона, започна вистинска сапуница за неговото наследство.

Според информациите до кои дојдоа аргентинските медиуми, Клаудија Вилафана, поранешната сопруга на Диего Армандо Марадона, заедно со своите ќерки Далма и Џанина, биле исклучени од тестаментот што го оставил легендарниот фудбалер.

Според истите извори, славниот фудбалер ја донел оваа одлука додека бил во Дубаи.

Марадона беше во брак со Клаудија 24 години и потоа им се родија две ќерки, но нивниот проблем настанал кога поранешниот фудбалер на Наполи открил дека му недостасуваат шест милиони долари од неговата сметка и дека му недостасуваат точно 458 сувенири собрани за време на неговата кариера.

Марадона ја обвини Клаудија за тоа, исто по тој повод беше покрената тужба која траеше со години, а тој наводно ги избркал своите ќерки затоа што во еден момент тие одбрале да бидат со нивната мајка.

Богатството на Марадона е проценето на 75 милиони долари.

Покрај Далма и Џанина, кои беа отфрлени од тестаментот, иако тоа не значи дека нема да се борат за своите права, тука е и синот Диего Џуниор (34) роден во врската со Кристина Синагра и Јана (25) од врската со Валерија Сабалаин и Диего Фернандо (7) роден за време на врската со Вероника Охеда.


Децата не се во најдобри односи и уште шест од нив се појавија како шлаг на тортата, тврдејќи дека Марадона е нивен татко и бараат ДНК анализа.

Исто така, адвокатот Матијас Морла ги поседува правата на брендот на Марадона во Аргентина и САД, така што тој не може да биде исклучен од распределбата на имотот.

Што се однесува до имотот на Марадона, тој остави, меѓу другото, мелница и фабрика за тестенини во Венецуела, луксузен хотел во Хавана и пет имоти на елитни локации во Буенос Аирес.

Во Белорусија, каде беше директор на Динамо од Брест, му остана прстен со дијаманти вреден 300 илјади евра и можеби најбизарното парче од наследството на Марадона, военото амфибиско возило.

Во Кина има неколку фудбалски школи на кои им го продал правото да го користат неговото име, додека во Дубаи останал со „Ролс Ројс Спирит“ вреден 300.000 евра, БМВ осум во вредност од 145.000 евра и бројни скапи подароци што шеиците му ги давале додека бил тренер во Емиратите.

escort - Korsan taksi