Нејзините сестри се обидуваат да ја расположат, но таа сѐ уште не може целосно да си дојде при себе!

31 јули, 2020
kardashians

Сега дури и врапчињата од гранката знаат дека раперот Канје Вест (43) направи голем инцидент кога започна да зборува детали за неговиот приватен живот со старлетата и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан Вест (39) на предизборниот митинг во кампањата за американски претседател.

Двојката не се видела меѓусебно со недели, а пред неколку дена Ким се качи на приватен авион и отиде кај сопругот, кој поминува време на неговиот ранч Коди во Вајоминг и го комплетира албумот. Тие седеа во автомобилот, разговараа и се расправаа, а Ким не можеше да престане да плаче.

Канје брзо стана свесен дека претера и ја повреди сопругата со своето однесување. Затоа јавно ја молел за прошка. Иако се шпекулира дека Канје е оној кој сака развод затоа што Ким наводно го изневерувала со друг рапер и била со него во хотелска соба, сега приказната се сврти. Се чини дека Ким е таа која веќе не може да ја поднесе врската со некој што толку многу ја повредил, но досега не се изјасни јавно за тоа.

Според добро упатен извор за странски медиуми, ѕвездата сега ја снима новата сезона за реалното шоу, а за да може раните да и заздрават побрзо, нејзините сестри и се голема поддршка. На снимањето, тие постојано зборуваат, обидувајќи се да ја насмеат, за да се расположи и да не мисли на неодамнешните настани.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi