Некогаш најпознатиот женкар и заводник, денес совршен сопруг и татко… :)

21 април, 2020
naslovna

Нивната љубовна приказна е поинаква од самиот почеток. Поточно, парот реши да се венча само две години откако го добија своето второ дете. Во текот на 14 години од заедничкиот живот, Метју и Камил oдлучиле дека сè ќе се одвива поинаку – без брзање.

Иако има снимено многу романтични филмови, Метју Маконахи не помислувал дека ќе доживее романса во реалниот живот. Во 2006 година, тој не ја барал љубовта на својот живот – бил задоволен од неговиот сингл живот.

Додека една ноќ бил во бар со пријателите, Метју забележал една шармантна фигура. Пристапил кон неа и ја замолил да и се придружи на масата.

Тогаш започнала вистинската љубовна приказна. Метју и денес тврди дека веднаш знаел дека со неа ќе се „забавува“ цел живот.

Можеби е убава љубовна приказна, но не е секогаш совршена.

Не мора љубов да биде на прв поглед. Камила тврди дека се вљубувала постепено, но неизбежно. Кога таа ноќ тој и се придружил на масата, Камила не знаела дека е познат актер. Не го препознала. Дури кога им пристапил нивниот заеднички пријател Ленс Амстронг, таа сфати за кој станува збор. Толку се исплашила од целата приказна што веднаш посакала да побегне од него. Сепак, тој не сакал да ја пушти од вид ниту една минута.

Метју и Камила не се типичен холивудски пар

Пред да се венчаат, Метју и Камила ги добија своите деца. Во јули 2008 година, тие добија син Леви, а во јануари 2010 година ја дочекаа ќерката Вид.

Нивната љубов беше очигледна. Метју сакал да се крунисаат нивната љубов, па затоа и предложи на Божиќ во 2011 година. Иако не го очекувал тоа, Камила рекла „Да!“

По свадбата, дојде на свет и нивното трето дете.

Брак како авантура

Двојката направи свадба во нивниот дом во Тексас на 9 јуни 2012 година. Скромно и со мал број гости, парот уживал во церемонијата во потполност. Нивниот син Леви носеше венчални прстени додека ќерката Вида беше задолжена за цвеќињата.

Камила и Метју се совршен тим и сфатија дека бракот не е дестинација, туку авантура што ќе трае до крајот на животот.

Децата се благослов за среќна двојка

Двојката навистина ужива со своите три деца. Метју често знае да каже дека тие се наследство на неговиот живот. Тајната за успешен 14-годишен брак не постои, но сигурно оваа двојка знае да ужива во малите работи.