Нема да биде како што се надеваа, но ќе биде како во БАЈКА! Вака ќе изгледа свадбата на Лука Јовиќ и Софија Милошевиќ?

18 август, 2020
sofija

Откако двојка која во моментот го очекува своето прво дете се вери на италијанскиот остров Капри, се дознаа нивните планови за романтичната интимна венчавка.

Пред неколку дена медиумите објавија дека Софија Милошевиќ му кажа „да“ на славниот фудбалер, за што парот се пофали на социјалните мрежи.

Според медиумите, нивната свадба ќе биде скромна.

– Лука сакаше да ја изненади Софија, па самиот организираше сè. Таа порано му кажа дека отсекогаш сонувала за голема свадба, да го украси хотелот со скапи украси, да ги ангажира најпопуларните музички sвезди, но бидејќи сето ова сега е невозможно поради короната и бременоста, тој реши да подготви романтична бајка за неа – изјави за Информер извор близок на парот.

Лука размислувал и за деталите за свадбата, па наводно и објаснил на Софија како ја замислува.

– Лука и кажа дека би сакал судбоносно „да“  да го кажат на на плажа во присуство на неговите кумови, родители и неговиот син Давид. Тие ќе дојдат во Италија со приватен авион. Тој ангажирал декоратори, кои ќе направат олтар од цвеќе и свеќи на плажа. Тој ќе ги украсува масата и столчињата, а еден дел ќе биде специјално украсен за фотографирање – посочи изворот и изјави дека најголем проблем е венчаницата на Софија.

View this post on Instagram

❤❤❤

A post shared by Luka Jovic (@lukajovic) on

– Таа вели дека добила доста килограми за време на бременоста и дека ништо нема да изгледа добро на неа, но сите ја убедуваат дека изгледа одлично, иако е наскоро ќе се породи – откри неименуван извор.