Неповторливата Линда не стануваше од кревет за помалку од 10.000 долари, а еве како изгледа сега!

11 мај, 2020
Linda-Evangelista-Net-Worth

Канадската манекенка и една од највлијателните супермодели од 1990-тите, Линда Евангелиста е родена на 10.05.1965 година и денес го слави својот 55 роденден.

Линда била откриена од ловец на таленти од „Елит модел менаџмент“, а таа се преселила во Њујорк во 1984 година.
На врвот на нејзината кариера, таа стана муза на фотографот Стивен Мејсел и дизајнерот Џани Версаче, како и на Карл Лагерфилд.

Сите нејзини соработници ја опишаа како девојка посветена на својата работа, а за време на нејзината кариера таа разубави над 700 насловни страници низ целиот свет и заработи огромни пари.

Бројни медиуми се согласуваат дека Линда е една од најдобрите модели во историјата на модата, а Евангелиста во текот на кариерата импресионираше со своите изјави, а не сите од нив беа најдобри во јавноста.

„Можам да направам што сакате, сè додека не мора да зборувам“, рече таа во една пригода.

Сепак, нејзината изјава од октомври 1990 година, кога рече дека „таа нема да стане од кревет за помалку од 10 000 долари“, влезе во историјата, но не по добро.

Тоа беа оние зборови кои ја следеа каде и да отиде. Таа продолжи да работи како порано, но подоцна призна дека не и било лесно по таа изјава.

„Имам чувство дека тие зборови ќе бидат изгравирани на мојот споменик.
Таа изјава ја споменуваа во секое интервју, а таа се извинуваше велејќи дека тоа било само шега.
Таа своевремено изјави дека се кае за тоа што го кажала, но дека повеќе не се срами од својата изјава.