Netflix ги избриша сите филмови во кои глуми Џони Деп: Фановите бесни „Тој не го заслужи ова!“

29 декември, 2020
johnny-depp-dzoni-dep-830x0


Американскиот актер Џони Деп (57) и филмовите во кои тој глуми повеќе нема да се прикажуваат на популарната платформа за стриминг „Нетфликс“ во Америка и Австралија.

Имено, „Нетфликс САД“ и „Нетфликс Австралија“ решија да ги избришат од својот каталог сите филмови во кои холивудската sвезда толкува улоги. Причината е наводното судење што се одржа оваа година помеѓу ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ и неговата поранешна сопруга Амбер Херд (34). Деп изгуби правна битка вредна два милиони долари против неговата поранешна сопруга Амбер Херд и британскиот таблоид „The Sun“ откако ги обвини за клевета, затоа што во насловот на еден текст напишаа дека Џони бил „домашен злоставувач“ а Амбер даде изјави за весникот.

Актерот повеќе нема да игра ниту во филмот „Фантастични ѕверови“, бидејќи тоа беше официјалното барање на компанијата „Ворнер Брос“ и Џони го исполни нивното барање, па „произволно“ се повлече од продолжението на франшизата.

Во меѓувреме, фановите на Деп започнаа вистинска кампања на социјалните мрежи во корист на славниот актер со барање од „Нетфликс“ да ги врати сите филмови што ги отстраниле од оваа платформа. „Ова е хорор“, „Срамота“, „Луѓе, што е со филмовите? Не ми се верува дека сте го избришале“, „Тој не го заслужи ова“, се едни од многуте коментари на социјалните мрежи. Фановите се прашуваат дали во овој случај е суден човек или холивудски уметник и тие тврдат дека никој не смее да одлучи што сакаат или што не сакаат да гледаат.

– Ова е лична катастрофа за него. Враќањето на неговата кариера ќе биде еднакво на искачување на Монт Еверест без кислород, во гаќи и боси. Тоа ќе биде тешко – рече Марк Борковски, експерт за кризни ситуации.

escort - Korsan taksi