Незаборавни цитати на холивудскиот шмекер: зборовите на Џек Николсон погодуваат во центар!

11 април, 20200
џек

Филмската икона и холивудски шмекер со своите изјави честопати ја засмејувал, но и ја терал на размислување својата публика.

Во својата долга кариера 13 пати е номиниран за Оскар, освојувајќи го три пати за One flew over the Cuckoo’s nest 1975, Terms of Endearment 1983 и As good as it gets 1997.

За 82 години живот дал голем број на интервјуа во кои честопати ја отворал својата душа, а ова се најинтересните изјави на ова лошо холивудско момче.

“Моето мото е: повеќе добар провод”

На прашањето зошто секогаш носи наочари за сонце, изјавил:

“Не можам да ги гледам во очи сите оние кои сакаат да ме гледаат мене, не можам емотивно да се носам со таква задача. Наочарите за сонце се дел од мојот оклоп. Кога носам наочари, јас сум Џек Николсон. Кога не ги носам, јас сум дебел старец, а и лекарот ми ги препорача заради проблемите со видот.

За советите

Мразам совети, освен ако не ги давам јас. Но мразам да давам совети зашто луѓето не ги прифаќаат.

За лажењето

“Лажете само двајца во животот: вашата девојка и полицаец. На сите останати треба да им ја кажувате вистината”.

За бракот

“Никогаш не сум имал предрасуди за бракот. Се венчав многу рано и сметам дека е контрапродуктивно да имате теории за сите видови на врска. Доволно тешко е да се познавате себе, а како што сте приметиле веројатно, кога ќе запознаете пар кој функционира како тандем, тоа е уште потешко. Ако врската биде успешна, тогаш мора да биде многу реална, специфична и моментална, па ако имате голема претстава за врска уште пред да влезете во брак, мислам дека ви се помали шансите да успеете”.

“Во моментот кога ќе престанете да работите на себе и да учите нови работи, мртви сте”

“Убеден сум дека публиката и понатаму ме гледа како млад и надежен актер”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *