Никол Кидман проговори за жешките секс кадри – На ниту една сцена не реков “НЕ”!

21 октомври, 2020
никол кидман

Кога режисерот Стенли Кјубрик и рече дека ќе побара целосна фронтална голотија, првата реакција на актерката беше „ах, не знам баш“


Холивудската дива Никол Кидман отелотвори широк спектар на ликови во текот на една децениска успешна кариера, а некои од тие улоги вклучуваа голотии и секс сцени – од кои најзабележителен е филмот на Стенли Кјубрик од 1999 година „Очи широко затворени“.

Австралијката глумеше во гореспоменатиот еротски трилер со нејзиниот тогашен сопруг Том Круз, а режисерот бараше таа целосно да се разголи пред камерата.

Тој ми рече ‘ќе сакам целосна фронтална голотија’ и мојата прва реакција беше ‘ах, навистина не знам ’. Но, успеавме да се договориме, постигнавме одличен договор и сè беше регулирано со договорот. Тој ми покажа сцени кои вклучуваа голотија пред да започнеме да ги снимаме.

Така, можев да се чувствувам целосно безбедна. Бев навистина максимално заштитена и можев самоуверено да ги истражувам сите аспекти на улогата што тие ја имаат наменето за мене. Не реков „не“ на ниту една сцена, но сакав да бидам сигурна во тоа што го работам, не сакав сите на снимањето да ми се смеат – рече Кидман во интервју за „Њујорк тајмс“.

Наградуваната актерка има провокативни сцени и во новата мини-серија на ХБО „The Undoing“, а деновиве се очекува нејзината премиера во Австралија.

escort - Korsan taksi