Нивните скандали го потресоа целиот медиумски свет: Познатиот пар цела година воопшто не ни живее заедно

31 јули, 20200
kim

Иако досега се бореа со бројни предизвици, се чини дека најлошото и најголемото допрва ќе следи …

Канје Вест и Ким Кардашијан воопшто не живеат заедно цела година, јавуваат странските медиуми. Имено, како што пишува „Дејли меил“, Канје претежно останува на неговиот ранч во Вајоминг, а Ким го посетува еднаш месечно со децата.

Сепак, додека некои тврдат дека станува збор за одлука во корист на децата, други сметаат дека Вест така одлучил затоа што е подобро „за неговата работа и креативност“. Од друга страна, Ким, наводно, го молела Канје да се откаже од кампањата за претседател на Америка.

Целиот скандал на Канје и Ким го потресе светот, па не е изненадувачки ако е вистина е дека тие живеат долго време одвоено. Ким неодамна им рече на своите обожаватели на Инстаграм дека Канје се бори со голем притисок, што има многу лош ефект врз неговото биполарно нарушување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi