Објавени пораките кои Меган и Хари му ги праќале на нејзиниот татко!

22 април, 2020
меган 1

Во текот на судската парница која ја води со британскиот таблоид Mail on Sunday Меган Маркл ги покажала пораките кои таа со принцот Хари му ги праќале на нејзиниот татко Томас Маркл пред нивната венчавка, на која тој не се појавил.

Меган тврди дека таблоидот намерно погрешно ги протолкувал пораките за да се оцрни британскиот пар и дека тоа влијаело на нејзиниот однос со татко и.

Маркл требал да ја одведе ќерка си до олтарот, но по објавата на таблоидот дека тој им продавал фотографии на папараците, се откажал од намерата. Хари и Меган се обиделе неколку пати да стапат во контакт со него, но тој не им одговарал на пораките.

“Том, Хари е овде. Навистина морам да разговарам со вас”, била една од пораките.

“Не мора да се извинувате, ги разбираме околностите, но појавувањето во јавност само ке ги искомплицира работите”, му напишал Хари.

“Ако ја сакате Мег и сакате да ја исправите ситуацијата ве молам да ми се јавите. Ве молам да ми се јавите да ви објаснам. Мег и јас не се лутиме, само сакаме да разговараме со вас. Благодарам”

“Секој разговор со медиумите ќе ви се удри по глава, верувајте ми Том. Само ние можеме да ви помогнеме, тоа се обидуваме уште од првиот ден”

Маркл не им одоварал на пораките, но се огласил преку медиумите со изјава дека е во болница и дека доживеал срцев удар. Меган за тоа дознала преку медиумите.

По оваа вест Меган се обидела да го добие, но тој повторно не бил достапен. За венчавката не дошол бидејќи рекол дека лекарите не му дозволуваат заради неговата здравствена состојба.