Обвинителството поднесе обвинение против Сораја Вучелиќ Масони

11 мај, 20200
soraja

Основното јавно обвинителство во Плевља поднесе обвинение против Сораја Вучелиќ Масони (33) и Маја М. (32) од Подгорица, кои ги прекршиле мерките за забрана на меѓуградскиот сообраќај и забраната за собирање во објекти.

Тие претходно беа казнети со 500 евра.

Основното јавно обвинителство во Плевља го отповика решението за примена на институтот за одложување на кривично гонење за случајот Сораја Масони и Маја М., кои беа уапсени под сомнение за сторено кривично дело во Жабљак на 3 мај 2020 година – непочитување на здравствените регулативи за борба против опасно заразната болест.

Основното јавно обвинителство во Плевља поднесе обвинение против Сораја Масони и Маја М., со кое се предлага да се одржи главно судење пред Основниот суд во Жабљак и обвинетите да бидат прогласени за виновни за споменатото дело – рече Наташа Бајчета, државен обвинител и портпарол на Основното јавно обвинителство во Плевља.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *