Од боксот заработи 200 милиони и банкротираше: Погледнете кој е бизнисот од кој Тајсон заработува и милион долари месечно

5 април, 2020
tajson

Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон успеа да банкротира и покрај тоа што заработи 200 милиони долари, но неколку децении подоцна се префрли на одгледување канабис за медицински цели, од што заработува помеѓу 500.000 и 1 милион долари месечно.

Тајсон (54) во Калифорнија има фарма каде одгледува канабис и дистрибуира разновидни производи од ова растение, кое инаку е легализирано во таа држава во САД.

Според некои проценки, Тајсон заработува месечно од 500.000 до 1 милион долари, и тој е убеден дека маслото од канабис што го произведува го обновува организмот.

„Се борев повеќе од 20 години и телото ми беше уништено. Имав две операции и користев марихуана после нив. Марихуаната ми ја отстрануваше болката, на која не функционираа лековите што ми ги даваа докторите“, рече Тајсон.

Неговата царство од канабис се протега на повеќе од 1.600 квадратни метри.

„Продолжуваме понатаму. Сакам двојно да зголемам производството. Мислам дека можеме да направиме и подобро од ова”, рече познатиот Мајк.