Откако беше осудена на 10 години, „Иранската Анџелина Џоли“ излезе од затвор!

18 декември, 2020
c5f4b2fe-d29f-4cf5-82cd-187540c39559


Иранската Анџелина Џоли, Сахар Табар, излезе од затвор по „големиот притисок на медиумите“

Веста ја објави иранската новинарка и активист за човекови права Масих Алинејад.

„Денес иранската тинејџерка која објави крајно изменети фотографии од своето лице и затоа беше осудена на 10 години затвор е ослободена по големиот притисок од медиумите“, напиша Алинејад на Твитер.
19-годишната Табар, чие вистинско име е Фатемех Кишванд, беше уапсена минатата година за своите активности на социјалните мрежи. Таа е обвинета за „морална корупција на младите“ и непочитување на Исламската Република.

Странските медиуми поради фотографиите ја нарекоа „зомби Анџелина Џоли“ или „Иранска Анџелина Џоли“, а во еден момент на Инстаграм ја следеа скоро половина милион луѓе.

“Секоја нова фотографија ја уредувам се повеќе и повеќе за да биде што е можно посмешна. Тоа е форма на изразување, уметничка форма. Моите обожаватели знаат дека тоа не е моето вистинско лице”, говореше тинејџерката.

Иранската државна телевизија го објави нејзиното покајание кон крајот на октомври минатата година, а снимките предизвикаа големи симпатии во јавноста. Нејзините адвокати до судот доставија и медицински наоди, кои покажуваат дека Сахар исто така страдала од ментална болест и дека била во посета на психијатриски институции во последните десет години.

escort - Korsan taksi