Оваа Кардашијанка го напушти семејното шоу после 13 години: Тоа е токсично

8 јули, 2020
Capture

КОРТНИ КАРДАШИЈАН конечно откри зошто го напушти семејното реално шоу Keeping Up With The Kardashians.

После 13 години Кортни одлучи да стави ограничување на своите појавувања пред камерите бидејќи се чувствувала неисполнето и смета дека атмосферата во шоуто е токсична.

“Шоуто го снимам нон-стоп веќе 13 години, 19 сезони и 6 спин-оф сезони. Се чувствував неисполнето и тоа стана токсично опкружување за мене кое заземаше голем дел од мојот живот”, изјави таа за  Vogue Arabia. Исто така објасни дека ја негува својата приватност, што и било тешко додека постојано била во медиумите.

View this post on Instagram

“I have been filming Keeping Up With the Kardashians non-stop for 13 years, 19 seasons and six spin-off seasons. I was feeling unfulfilled and it became a toxic environment for me to continue to have it occupy as much of my life as it was.” In an issue dedicated to the power of reclaiming yourself and pursuing your physical and mental wellbeing, Kourtney Kardashian reveals all about leaving one of the most disruptive and divisive TV shows ever produced. Looking ahead, the cover star also shared her future plans in the wellness arena, and why motherhood comes first. Want to know more about our July/August issue? Tap the link in bio. #InnerForceIssue #VogueArabia @kourtneykardash Cover 1 of 2 "أشارك في برنامج ’مواكبة عائلة كارداشيان‘ بلا توقف منذ 13 عاماً، على مدى 19 موسماً، و6 مواسم فرعية. وانتابني الشعور بعدم التوفيق، وأصبح استمرار مشاركتي فيه بما يحتل ذلك القدر من حياتي، كما كان الحال دائماً، بمثابة بيئة مسمومة في رأيي". على صفحات عددنا الجديد المكرّس لفكرة العودة إلى أنفسنا والسعي نحو تحقيق الصحة البدنية والذهنية، تكشف كورتني كارداشيان عن الأسباب التي دفعتها لمغادرة أكثر برنامج تلفزيوني مثير للجدل والانقسامات على الإطلاق. كما تكشف النجمة الشهيرة المتطلعة إلى المستقبل عن خططها المقبلة في مجال العافية، وتوضح لماذا تعتبر الأمومة أولويتها الأولى. هل ترغبين في معرفة المزيد عن عدد يوليو وأغسطس؟ اضغطي على الرابط في البايو. Editor-in-Chief: @mrarnaut Photography: @arvedphoto Style: @grahamcruz.studio | Makeup: @miyakemakeup Hair: @andrewfitzsimons | Digital Art: @suzanne_tak | Words: @alexandravenison

A post shared by Vogue Arabia (@voguearabia) on

“Приватноста е нешто што го ценам и тешко е да се пронајде рамнотежа помеѓу приватните моменти и појавувањето во реално шоу. Луѓето мислат дека не сакам да работам, што не е вистина. Ја следам својата среќа и вложувам енергија во она што ме прави среќна”, додаде Кортни.

Нагласи и дека се труди да не го користи мобилниот телефон кога е со своите деца.

“Секогаш се трудам да не седам на телефонот кога сум со децата, да бидам присутна во тоа што го правиме и да имаме моменти во кои се гледаме во очи и се поврзуваме. Тоа е многу важно”, заклучи.  

View this post on Instagram

little SNAKE n’ MAKEup

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

Реалити ѕвездата се одлучи на постепено заминување од шоуто откако тензиите меѓу славните сестри доведоа и до физичка пресметка во една од епизодите. Имено, Ким и Кортни се туркале, а камерите го забележале тоа.