Папарците се во шок од моментот во кој ја фатиле Хајли Бибер

21 август, 2020
hajli 3

Парот Бибер е еден од најпопуларните во светот. Не е ни чудо што папараците ги следат скоро секој ден. Сепак, славниот модел започна да се нервира.

До сега, парот секогаш поминуваше мирно покрај фотографи, кои би ги сликале во разни прилики, но се чини дека овој пат младиот модел Хејли „станала на лева нога“.

Додека парот доаѓал на снимање во студио во Лос Анџелес, манекенката прво ги превртела очите, а потоа им го покажала средниот прст.

Нејзината некултурна реакција на тој начин ја засени беспрекорната линија што ја истакна со своите кратки шорцеви.