Пејачката при крај на нервите поради осаменоста!

22 јули, 2020
britni 5

38-годишната американска ѕвезда, Бритни Спирс, во својата 20-годишна кариера помина, може да се каже, сè и сешто. Јавноста е постојано загрижена за нејзините постови поради кои фановите честопати стравуваат за нејзиниот живот. И до ден денеска,по преживеан ментален слом, таа се бори со психата и менталното здравје, а карантинот во кој е заглавена не и ја олеснува ситуацијата воопшто , пишува Gossip Cop.

Иако странските медиуми тврдат дека пејачката е совршено добра, некои сметаат дека карантинот и осаменоста и паѓаат доста тешко. Сепак, она што е нејзин најголем проблем е неможноста да има слободен контакт со нејзиниот син, кој, од безбедносни причини, е сведен на минимум. Таа го видела само неколку пати во изминатите неколку месеци, пренесуваат странските медиуми.

Britney

Нејзината активност на социјалните медиуми неодамна предизвика загриженост кај фановите, бидејќи многумина сметаа дека на Бритни им испраќа скриени сигнали и бара помош со нејзините фотографии и описи во постовите. Така, неодамнешната објава за маргаритка во нејзината рака додека пишуваше за Бога, покажа и неуредни и уништена нокти што ги натера нејзините следбеници да мислат дека таа повторно е на работ на нервите. Таа исто така сними и видео во кое танцува, што се чинеше чудно на сите, а еден нејзин следбеник ја охрабри да носи жолта маица во следниот пост доколку има потреба од помош. За кратко време, таа се појави во жолта маичка во нова објава, кои ги исплаши многумина, а други сметаа дека тоа е само случајност.

Сепак, многумина објаснуваат како пејачката веќе е крајно здодевна со објавите. Наводно, нејзиното момче, извајаниот тренер, Сем Асгари, решил да го помине карантинот сам и да се раздели од пејачката, и тие моментално живеат во посебни станови.

За потсетување, Бритни во последно време има многу здравствени проблеми. Познато е дека таа се бореше со проблеми со менталното здравје минатата година, обвинувајќи го нејзиниот татко, кој имал право да управува со финансиите и личниот живот на Бритни веќе 11 години. Но, откако таа повторно заврши во психијатриска установа во април 2019 година, пејачката го обвини дека насилно ја испраќала таму и ја присилила да земе силни антипсихотични лекови.