„Пеколот почнал на медениот месец во Кан“: Познатата Џоан Колинс била омажена со сила, а подоцна и малтретирана во бракот!

2 мај, 20200
Џоан

Публиката ја слушаше нејзината тажна приказна со солзи во очите!

Џоан Колинс имаше многу бурен живот, за кој зборуваше јавно.

Таа ја изгубила невиноста со првиот сопруг Максвел Рид, а нејзините родители буквално ја натерале да се омажи за него. Сепак, таа рече дека нејзиниот прв сопруг ја силувал.

“Имав 17 години кога ме дрогираше и сексуално ме злоставуваше. Јас бев девица. Вината што ја чувствував поради тоа ме натера да се согласам да се омажам за него. Пеколот започна на нашиот меден месец во Кан. Морав да му ја фарбам косата и да ги трпам негови навреди. Само една година по свадбата тој сакаше да ме продаде на богат шеик за 23.000 евра“, рече таа едновремено.

Нивната парница за развод траеше три години и чинела околу 13.000 евра. Непосредно пред неговата смрт, во 1974 година, Рид се пожалил дека живее во сиромаштија, додека Џоан, за која тврдел дека ја претворил во ѕвезда, не знаела што да прави со парите.

Овој брак го следеа уште два неуспешни – со актерот Ентони Њусли и продуцентот Рон Кас со кого имаше три деца. Таа дури и во интервјуа призна дека не е баш најдобрата мајка затоа што немала време ниту да ги гушка своите деца. Четврт брак и бил со Питер Холм.

Шведскиот пејач Питер Холм станал нејзин менаџер. Тој ги отпуштил нејзините соработници за да може да ја контролира, и ја испокарал со семејството.

„Сфатив дека морам да најдам начин да се разделам со него, кога завршив во болница поради срцев проблем. Тајно ангажирав адвокат и тој беше прогонет од мојот дом во Лос Анџелес од страна на полицијата“, објасни Џоан Колинс. тие се разведоа во 1986 година и Холм добил само 85.000 евра затоа што актерката го заштитила имотот со предбрачен договор.

Џоан била голема заводничка уште од мала. Откако се развела од својот прв сопруг, таа го завела Сиднеј, син на Чарли Чаплин, и го оставила поради синот на филмското студио MGM, плејбојот Артур Лоев.

“Тој беше еден од ретките мажи кои знаеја да слушаат жена. За да се запознаеме, тој ме убеди да одам на психотерапија три пати неделно. Тоа многу ми помогна”, изјавила Џоан Колинс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi