Пирс Броснан (66) не личи на себе ниту налик на оној Џејмс Бонд
Актерот кој најмногу го паметиме по улогите во филмовите за Џејмс Бонд, 66-годишниот Пирс Броснан, овие денови го смени изгледот. Пирс, веќе некое време го негува својот природен изглед, но овие денови тоа особено доаѓа до израз – можеби поради одржување социјална дистанца со својот фризер.
Последниве неколку години тој има брада и мустаќи, кратка седа коса, но можеме да видиме дека тоа се променило.
Поточно, за време на прошетката на Хаваи, каде се засолни со семејството поради пандемија, папараците го забележале, а на нивните слики може да се види дека косата на Броснан сега е целосно седа и подолга.
Сепак, мора да признаеме дека овој Ирец сè уште е шармантен. Пред неколку дена, Пирс се пофали и со семејна фотографија од него и неговата сопруга Кели, со која е во брак од 2001 година, и нивните синови, Париз и Дилан заедно со нивните девојки.