PlayBoy ја сака 74-годишна славна пејачка на насловна страна: „Само таа нека пројави желба“

19 ноември, 2020
плаубој

ЕДНА од најпознатите country пејачки, Доли Партон ќе наполни 75 години во февруари следната година и по тој повод таа може да се појави на насловната страница на списанието PlayBoy

Сè започна кога Доли во емисијата „60 минути“ рече дека сака да биде на нивната насловна страница за нејзиниот следен роденден.

“Не планирам да се повлечам. Само што наполнив 74 години и планирам повторно да бидам на насловната страница на PlayBoy. Го направив тоа пред многу години и мислам дека би било одлично да го сторам тоа повторно кога ќе имам 75 години, ако ме сакаат”, рече Доли.

PlayBoy се чини дека нема проблеми со тоа.

“Би сакале повторно да снимаме со Доли. Таа знае дека треба само да пројави желба”, изјави портпаролот на PlayBoy.

Патем, Доли веќе беше фотографирана за PlayBoy во 1978 година, кога имаше 32 години и беше првата country пејачка што го сторила тоа, но исто така таа постави строги правила, исклучиво без голотија.
Кога минатиот месец ја прашаа на една радио емисија дали би го сторила тоа повторно, Доли одговори потврдно.

“Да, мислам дека би можела, ако ме сакаат, нормално дека да, а со тоа би одело навистина добро интервју. Да, разговаравме за тоа”, рече Доли.

Таа додаде дека првиот пат било слично како сега.

“Ме прашаа, но тогаш мислев дека не е за мене, дека никогаш нема да го сторам тоа. Но, на крајот тие напишаа добра статија и беше забавно. На крајот, тоа беше добар начин да се промовирам”, рече таа.

Таа вели дека не би и пречело повторно да се облече во костимот на зајачиња што го носеше на првото снимање.

“Веројатно би можела. Моите гради се уште се со иста големина. Изгледам малку како цртан филм, а цртаните не стареат. Кога ќе имам 90 години, веројатно ќе изгледам исто, можеби само со подебел слој шминка и поголема коса”, заклучила таа.