По една година од аферата која го забавуваше целиот свет,падна во рацете на големиот женкар?

1 април, 20200
PREMIUM EXCLUSIVE: Irina Shayk is Spotted During the Coronavirus Quarantine Keeping Close with Vito Schnabel in New York City

Се чини дека манекенката Ирина Шајк (34) го преболе поранешното момче, актерот и продуцент Бредли Купер (45).

Парот ја раскина врската пред 10 месеци, а заедно ја имаат ќерката Леа (3). Манекенката е видена со трговецот на уметности Вито Шнабел (33) на прошетка во Њујорк, иако градоначалникот на градот, поради коронавирусот издаде наредба за излегување само во случај на нужност.

Предупредувањето не влијаело на новопечениот пар, па опуштено се шетале со маски тргнати од лицето, а потоа се упатиле во станот на Вито. Додека одела со него, Ирина цело време разговарала на телефон.

На почетокот на годината манекенката даде интервју за британскиот Вог во кое отворено зборува за односите со Бредли по раскинувањето.

“Две сјајни личности не мора да прават добар пар. Мислам дека имавме среќа што бевме заедно. Без него е тешко да се најде рамнотежа меѓу мајчинството и работата. Некогаш се будам и помислувам: “Што да правам? Се распаѓам”, раскажува Ирина. И двајцата со Бредли имаат рамноправно родителство над ќерката.

Инаку, Вито е познат како вистински женкар. Бил со многу актерки и манекенки. Една од поранешните девојки му е Хајди Клум (46), со која бил во врска од 2014 до 2017. Бил и со актерката Маделин Гене (31) и Амбер Хард (33).

Според странските медиуми Вито ја завел и трговката на уметности Даша Жукова (38) во 2017 додека бил со Хајди Клум. Даша тогаш уште била во брак со рускиот олигарх Роман Абрамович (53), од кој се развела истата година откако неверството излегло во јавност.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi