ПО МРЕЖИТЕ СЕ ШИРИ ПОТРЕСНА И ДЕТАЛНА ИСПОВЕД: Џастин Бибер обвинет за силување, набргу се огласи не штедејќи зборови

22 јуни, 20200
justin

Пред неколку денови една американка ја стресе јавноста кога објави шокантен опис од сексуалниот напад кој наводно го доживеала од страна на Џастин Бибер, а сега тој се огласува со низа твитови со кои сака да докаже дека нивната средба не била возможна.

foto: Profimedia

Пред неколку дена, на социјалната мрежа Твитер се појави исповед на          Даниел, опишувајќи ја нејзината средба со Џастин Бибер од 2014 година, кога наводно по завршувањето на еден од неговите настапи, маж од неговиот тим ги поканил нејзините пријатели и неа да му се придружат на пејачот во хотелот „Четири сезони“, каде пејачот, тврди таа, ја силувал.

Даниел опиша како почнала да се бакнува и да се гушка со Бибер, како и дека во еден момент таа го замолила да престане, а тој не ја слушал и дошло до односот за кој таа не се согласила. Профилот на кој е поднесено ова обвинение е во меѓувреме избришан, но овој опис сè уште се шири на социјалните мрежи, а во коментарите  многу корисници на Твитер велат дека ова не е прв пат Џастин Бибер да е обвинет за сексуално вознемирување.


– Обично не се обраќам за вакви работи затоа што се соочувам со нив во текот на мојата кариера, но откако разговарав со сопругата и мојот тим, решив да зборувам на оваа тема вечерва – започна Бибер на својот профил на Твитер.

Тој напомена дека гласините се само гласини, но кога станува збор за сексуална злоупотреба, не смее да се смета здраво за готово, па затоа од почит кон луѓето кои биле навистина жртви, тој решил прво да каже некои факти и потоа да издаде изјава.

 Тој објави дека навистина имал настап на споменатиот датум и на споменатото место во градот Остин, но Селена Гомез била со него и, згора на тоа, додал и линк до статијата која во 2014 година напишала за нејзиното присуство нанастапот. Тој додаде и фотографии на кои пејачката се гледа покрај него на улиците на Остин по концертот, а потоа истакна дека не останал во хотелот „Четири сезони“, но некој твитнал дека тој го видел таму вечер, што веројатно служело како инспирација за девојката која го обвини за силување. Сепак, тој тврди дека бил во ресторанот, а не во самиот хотел.


Бибер понатаму ги објави сметките со кои се докажува дека тој бил на друго место и приложил уште неколку докази за неговите тврдења.


– Секое обвинение за сексуална злоупотреба мора да се сфати сериозно и затоа беше потребен мојот одговор. Сепак, оваа приказна е практично невозможна и затоа ќе преземам правни мерки во соработка со Твитер и надлежните – рече тој на крајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *