Почина Брајан Денхи: Со Сталоне играше во Рамбо

17 април, 2020
Насловна

Актерот на големите и малите екрани помина 50 години, а во текот на својата завидна кариера се појавил во многубројни познати телевизиски серии.

Американскиот актер Брајан Денхи почина на 82-годишна возраст во неговиот дом во Конектикат. TMZ јави дека починал од природна смрт и надлежните не побарале обдукција.

Тој глумеше во „Маш“ и „Далас“ пред да добие улога во 1981 година во „Династија“.

Со Сталоне глумел во акциониот филм Рамбо, кој му донесе многубројни улоги во Холивуд.

Во текот на кариерата по позајмувал својот глас во анимирани филмови а добитник е и на неколку награди. Сопственик е на златен глобус, две Тони награди, а за Еми награди е номиниран 6 пати. Актерот позади себе остави 5 деца и сопругата.