ПОГЛЕД КОЈ ЌЕ ВИ ГО ОДЗЕМЕ ЗДИВОТ, БАЗЕН И ДОМАШНО КИНО: Никол ја продава луксузната вила за 8 милиони долари! (ФОТО)

26 ноември, 2020
nikol-naslovna


Таа е феноменална…
Пејачката Никол Шерцингер одлучи да се исели од луксузната вила, која ја купи пред четири и пол години за 3,75 милиони долари.

Откако вложи многу, таа сега ја продава модерната куќа на стрмната падина на високиот гребен над Сансет стрипот во Лос Анџелес за 8 милиони долари.

Таа е составена од неколку спални соби на долниот кат, од кои едната е претворена во теретана, а sидовите од прозори овозможуваат релаксирачки поглед кон градот. Во другата соба, можат да спијат најмалку четири лица, содржи два комплети кревети на спрат, додека главната спална соба зазема супериорна позиција на ниво на пентхаус. Линеарно огниште го загрева просторот на спалната соба, додека пространата дневна соба излегува на приватна тераса со модерен базен во центарот. Особено модерната бања исто така излегува на друга тераса, а специјално дизајнираниот вграден плакар е доволно голем за да изгледа како да сте во бутик.

Стаклени sидови и поглед кој го одзема здивот….

Имотот сам по себе наликува на куќа од бајка, имајќи предвид дека има таков поглед, а беше направен и посебен проект за уредување на секој кат. Трикатната вила се состои од четири спални соби и четири бањи, а се простира на нешто повеќе од 4600 квадратни метри.

Секој кат има стаклени sидови, од каде има неверојатен поглед кон центарот на градот, кој достигнува сè до Тихиот океан.

Отворениот простор се состои од елегантна кујна, пространа трпезарија поставена со прозорци од подот до таванот што се отвораат на голема тераса. Има и удобна дневна соба со две софи поставени едни спроти други, веднаш до каминот од бел мермер.

Од дополнителните содржини, има и домашно кино и специјално дизајнирани седишта за гледање филмови на големо платно. До мини-дневната соба има и бар, каде има мал базен, додека покрај него е поставена лулашка, која гледа кон градот и нуди волшебен поглед.