Погледнете ја 6-годишната ќерка на Џими Фалон што го прекинa интервјуто со Хали Бери!

23 април, 20200
jimmy-fallon-11818465-1-402

Најстарата ќерка на Џими Фалон, 6-годишната Вини Роуз, направи една од вообичаените смешки за време на неодамнешната епизода на “The Tonight Show: At Home Edition“. Додека нејзиниот татко зборуваше со Хали Бери за тоа како изгледа социјалното дистанцирање за нејзиното семејство, Вини го преќина интервјуто додека актерката раскажуваше приказна за нејзината 12-годишна ќерка Нахла. Секако, Вини го темпираше ова токму навреме.

Од позади екранот на Џими, гледачите слушаат „тато?“ пред тој да забележи и да се насмее. Како мајка на три деца, Хали се справи со слаткиот прекин како професионалец, дури и истакна дека таа и Вини носат многу слични фустани. Откако наеднаш замина, Хали продолжи да ја раскажува својата приказна за косата на Нахла, но не помина многу време додека Вини се врати велејќи: „Здраво, повторно!

Ова не е првпат девојките на Џими да не изненадат и насмеат. Вини го има прекинато во еден од неговите монолози. Таа успеа да изгуби еден од забите во воздухот. Можеби таа би била идеален гостин во неговото шоу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *