Погледнете како изгледа 15 години помладата девојка на холивудскиот заводник Џејмс Франко!

15 април, 2020
james

Џејмс Франко (41), за кого жените ширум светот лудуваат, има нова девојка која е 15 години помлада од него.

Поточно, холивудскиот шармер е забележан со Изабел Пакзад, актерка и продуцент, а многумина ја нарекоа „мистериозна девојка“, бидејќи долго време не се знаеше која е таа.

Тие наводно се во врска од ноември 2017. година, но во јавноста се појавија заедно дури една година подоцна.

Изабел се труди да се пробие во актерскиот свет каде што Франко секако и помага, а таа се појави во серијалот што тој го режира.