Погледнете каква вила ИЗНАЈМИ Ријана: Нема да поверувате каква БАСНОСЛОВНА кирија плаќа

21 јуни, 20200
2255493_profimedia0531716827-1_ls

Ријана ќе мора да издвои 415 000 долари за изнајмување луксузна куќа во престижната област Хемптонс на Лонг Ајленд за еден месец.

Таа реши да ужива во ова место од средината на јули до средината на август. Објектот е распространет на 8.900 метри квадратни, а вилата е луксузно опремена.

Вилата има голем број прозорци и природна светлина, така што вештачката светлина внатре е минимална. Избрани се дрвени материјали за кујната, во рамките на кои доминираат сивите нијанси на технологија и вградените уреди. Микробранова печка, кафемат, бар столици и огромен простор за складирање ја комплетираат оваа многу пријатна и уредена кујна.

“Обожавам да готвам. Мојата специјалност е морска храна, но знам и како да направам неверојатен сендвич”, рече еднаш Ријана, па не е ни чудо што кујната зазема значајно место во нејзиниот дом.

Вилата што ја изнајмува пејачката има неколку соби и бањи кои се направени според највисоки стандарди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *