ПОМАЛА ОД СИТЕ НЕЈЗИНИ НЕДВИЖНИНИ, НО ЕДНА РАБОТА МОРА ДА ИМА!неодолива викендица по вкусот на Џенифер Лопез (ФОТО)

7 јули, 20200
jlo kukja

Пејачката и глумицата со својот иден сопруг неодамна купила, за своите стандарди помала недвижнина.

Како што јавуваат американските медиуми, Џеј Ло и бејзбол играчот Алекс Родригез се горди сопственици на колиба вредна 1,4 милиони долари. Нивната нова викендица се наоѓа во предградието на Лос Анџелес, Енсин во долината Сан Фернандо, каде веќе имаат една недвижнина.

Во прашање е куќа од 200 квадратни метри, има три спални соби и 2 тоалета. Колибата е изградена во дамнешната 1948 година и неодамна е реновирана, но не се сомневме дека Џенифер ќе стави печат со нејзиниот стил.

Интересно е што штом ќе се влезе во оваа куќичка нема предоби ниту пак ходник, туку одма се влегува во соба која е во склоп со дневната соба и трпезаријата, како и тоа што иако е најмала од останатите недвижнини на пејачката, оваа колиба има просторија наменета за облека, односно walk-in гардеобер!

Еве како изгледа во мометов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi