Потврденo: Бред Пит и Џенифер Анистон се во врска!

27 јануари, 20200
brad

„Таа никогаш не престана да го сака“

Поранешните сопружници Џенифер Анистон и Бред Пит со месеци се наоѓаат во очите на јавноста и во очите на бројните обожаватели ширум светот кои постојано гледаат во нив. Секој нивни чекор и гест внимателно се следи за да се осигура дека тие кријат нешто повеќе од обично пријателство, како што и двајцата продолжуваат да тврдат. „Гласините“ дека старата искра се вратила и дека парот ја обновила својата љубов се погласни и сега можеби и ќе завршат. Имено, пријателите на 56-годишниот актер и шест години помладата привлечна актерка потврдија дека Бран и Џенифер се во врска, но и дека никогаш не биле посреќни, пренесува „Мирор“.

Нивните најблиски им откриле на медиумите дека поранешните сопружници работат на обнова на старата врска. „Мислам дека таа никогаш не престана да го сака, иако и го скрши срцето кога го остави заради Анџелина Џоли. И требаше многу време, но таа му прости за сѐ. Тоа е голем чекор ако сакате да продолжите понатаму “, рече близок извор на Џенифер. „Тие ја обновија својата романса и јас не сум ги видел толку среќни со години“ – рече колегата на Бред, чиј идентитет не беше откриен за странските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi