Повторно провокативна: Џеј Ло објави нови фотографии од колекцијата за обувки! „Ајде да ги започнеме празниците малку порано!“

9 ноември, 2020
j lo

Пред три години, Џенифер Лопез соработуваше со Џузепе Заноти и заедно создадоа колекција во која доминираа сандали со висока потпетица.

Во март годинава пак, лансираше своја линија обувки ексклузивно достапни во „Designer Shoe Warehouse“, а тоа беше проследено и со провокативни фотографии.

Естетиката ја задржа за секоја наредна презентација на новите модели, а исклучок не се ниту најновите фотографии на кои позира само во кошула и чизми до глужд, односно мини фустан.

За обувките со нејзин потпис имаше листа на чекање, а за одредени модели, Лопез дизајнираше и чанти.

„Уште од почетокот на кариерата, сакав да правам сè – музика, филмови, мода… Колекцијата ги претставува трите града кои станаа многу важен дел од она што сум – Њујорк, Лос Анџелес и Мајами. Со оваа колекција, се надевам дека луѓето ќе можат да го најдат и претстават дел од себе, а притоа да останат автентични на себе, без лажни претставувања”, изјави во една пригода пејачката.

Во продолжение ве потсетуваме и на останатите фотографии и модели од колекцијата:

escort - Korsan taksi