ПОВТОРНО ЗАЕДНО: Поради неа, Вилијам и Хари се смирија!

22 ноември, 2020
profimedia-0233611189

Жената која успеа да ги обедини браќата
Откако 38-годишниот принц Вилијам неодамна ја поддржа истрагата на поранешниот судија на Врховниот суд, кој ја започна истата за да ја открие позадината на контроверзното интервју на Би-Би-Си со принцезата Дајана во 1995 година, истото го стори и неговиот помлад брат, 35-годишникот Хари. Ова е првпат браќата да се обединат откако Хари замина во Америка на почетокот на оваа година, сè со цел да ја дознае правата вистина за тоа зошто нивната трагично почината мајка изнела валкани детали за кралското семејство.


Имено, како што објасни блискиот извор на принцот Хари, помладиот син на принцезата Дајана ја поддржува „потрагата по вистината“ иако не е во Велика Британија, исто така е во контакт со неговиот брат кој го известува за сите детали. Инаку, принцот Вилијам неодамна го коментираше целиот случај за британските медиуми, објаснувајќи дека е многу важно да се открие правата вистина и дека е задоволен од насоката на истрагата.


Да ве потсетиме дека принцезата Дајана зборуваше за нејзиниот брак со принцот Чарлс пред камерите на Би-Би-Си во 1995 година, но исто и за однесувањето на другите членови од кралското семејство кон неа, а интервјуто нанесе голема штета на семејството. Покрај крајот на бракот на Дајана и Чарлс, се остварија сомнежите на милиони гледачи ширум светот кои гледаа дека кралското семејство не е ни приближно „средено“ како што изгледа – Со оглед на тоа дека ова беше првото појавување на принцезата на оваа тема, за многумина останува нејасно до денес зошто Дајана решила на овој начин да го „оцрни“ семејството во која била и она дел, па затоа сега е покрената таа истрага за која уште ништо не е откриено.