Позната манекенка проговори за болеста со која се бори осум години: ,,Го губев помнењето”

26 август, 2020
бб3

Бела Хадид (23) работи на ширење за свесноста на лајмската болест со која и самата се борела, а истото го документирала со низа на фотографии на својот инстаграм профил пренесува ,,Daily Mail”.

Познатата манекенка и модел проговори за непријатните симптоми со кој живее и расподели попис на сите симптоми, при што со стрелка ги означи оние кои неа самата ги мачела.

Меѓу овие симптоми се аритмија на срцето, пореметување во расположението, болки во зглобовите, потење, мачнина, тешкотии со дишењето, несоница, главоболка, поматеност, чувство на тежина и збунетост.

,,Секој ден знаев да почуствувам десетина од овие симптоми и тоа од својата  14та година. Но се стана потешко кога наполнив 18 години” вели манекенката на која болеста и била дијагностицирана во 2012 година.

Во интервју за Evening Standard во 2015 година. Бела опишала со какви потешкотии се соочила првиот пат кога се разболела.

,,Тоа толку влијаеше на моето памтење што одеднаш незнаев како да отидам од малибу до Санта Моника каде што живеам. Неможев ниту да јавам. Ми беше многу лошо. Морав и да го продадам коњот, бидејќи неможев да се грижам за него” вели Бела.

Пред болеста, Бела сонувала да учествува во професионално натпреварувачко јавање.

,,Да имав шанса да  станам џокеј, можеби немаше да се занимавам со мода. Незнаев дека ќе се разболам.”

Мајката на Бела, Јоланда и нејзиниот брат Анвар исто така проговорија за борбата со болеста, која ја имале и познатите ѕвезди како Џастин Бибер, Алек Балдвин, Шаниа Тваин, Кели Озборн и Бен Стилер.

escort - Korsan taksi