Познатата комичарка му понудила СЕКС на 50 Cent во замена да НЕ гласа за Трамп!

4 ноември, 2020
фифтиж

Разговарав со него на телефон, бидејќи го видов оној твит во кој тој напиша дека го поддржува Доналд Трамп. „ Јас многу добро го познавам 50 Cent, бидејќи спиев со него два месеци“, изјави Челси.

На 3 ноември, американската актерка и комичарка Челси Хендлер (45) гостуваше на подкастот наречен „Без филтер“ кој го води манекенката Наоми Кембел (50) и откри дека на раперот 50 Cent (45) му понудила секс за да не гласа за Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Имено, таа истакна дека сака сите да знаат дека ќе го одржи ветувањето со нејзиното поранешно момче, славниот рапер, доколку не гласа за Доналд Трамп на изборите за 46-от претседател на Америка. Комичарката зборуваше за јавната расправија што ја имаше со раперот откако тој на 19 октомври јавно ја искажа својата поддршка на Трамп во својот пост на Инстаграм, а потоа таа го побара, па разговараа долго на таа тема.

Разговарав со него на телефон, бидејќи го видов оној твит во кој тој напиша дека го поддржува Доналд Трамп. „Добро го познавам, бидејќи спиев со него два месеци“, изјави Челси.

Но, знам дека тој не е таков тип. Бидејќи тој само се шегува на социјалните мрежи и не е секогаш сериозен, затоа му се јавив – додаде таа.

Те молам јави ми се. Сакам да разговарам со тебе за ова. Само се надевам дека се шегуваш. Како можеш ова да го поддржиш? Погледни што им направи на луѓето, колку само зло им нанесе… – му рече таа.

Како и да е, тој го рече токму она што го мислев. Имавме толку убав разговор дваесетина минути и разговаравме на таа тема, а потоа ме праша дали сум сериозна кога ветив дека ќе имам секс со него. Реков: “Секако, зошто да не? Подготвена сум да имам секс”, рече русокосата.

Да се потсетиме, Челси и 50 Cent се забавуваа само два месеци во 2010 година и оттогаш се пријатели и таа го нарекува „нејзиното омилено поранешно момче“.

escort - Korsan taksi